Друштвото за производство, трговија и услуги ЛИ-ЈО ТЕКС ДОО Вратница е формирано во Мај 2002 година и се занимава со производство и продажба на текстилни производи.
ЛИ-ЈО ТЕКС работи Лон систем за повеќе компании во Македонија и пошироко. Имаме склучено и договори за соработка со компании од повеќе европски земји: Германија, Холандија, Англија, Шведска и др., како и со САД.
Вклучени сме во бизнис: производство и продажба на текстилни производи.
Освен работата по Лон систем, произведуваме и наши производи за домашен и странски пазар. Дел од палетата на наши производи вклучува висококвалитетна изработка на: блејзери, капути, женска облека, како и ХТЗ опрема.
Производите на ЛИ-ЈО ТЕКС се презентирани на повеќе саеми во Република Македонија, а во иднина планираме учество на меѓународни саеми.
Во 2010 година ЛИ-ЈО Текс се збогати со уште еден производствен погон, сместен во просториите на конфекцијата ЕДТКО во Тетово. Со ова проширување, капацитетот за производство на ЛИ-ЈО Текс е зголемен двојно.
Со постигнување на договор за спојување, односно укрупнување на производствените капацитети со конфекција ФАНДИ од Тетово, ЛИ-ЈО Текс и ФАНДИ станаа едни од поголемите конфекции во републиката, со преку 100 вработени.
Од ден на ден стануваме поквалитетни и препознатливи на Европските пазари.