Лијотекст Груп

Лијотекс Груп е основана како семејна компанија и продолжува со оваа традиција и денес. Повеќе од 20-годишното постоење и соочување со голем број на предизвици, се решивме да му се препуштиме на успехот. Постојано се стремиме да се подобруваме, бидејќи нашиот менаџмент редовно учествува на курсеви за обука. Можеме да се опишеме себеси како хумана и пријателска компанија која ги цени своите вработени. Помагаме  во нашиот регион во рамките на нашите можности. Ние сме достапни за сите Вас, сигурни и искрени. Заедно ги решаваме проблемите и сакаме да споделуваме успеси.

Бидете пред времето, соработувајте со нас, за да Ви биде подобра иднината

УСЛУГИ

Лијотекс Груп е македонска компанија  за производство на високо-квалитетна заштитна облека. Денес Лијотекс Груп е во новоизграден објект комплетно климатизиран и според сите Европски стандарди. Компанијата е специјализирана за извоз на заштитна облека. Лијотекс Груп  се наоѓа во Вратница , најубавиот регион во  Македонија. На само 45 минути од Скопје, компанијата е многу лесно достапна.

Нашиот бизнис го насочивме кон сегментот со висок квалитет. Производуваме готов финален производ и го нудиме на Европските пазари. Без разлика дали се работи за производство, подготовка за техничка работа, за администрација, или набавка на материјали и помошни материјали, направивме тим кои совесно се грижат за вашите нарачки. Ние сме добро организирани флексибилни  за да можеме брзо и ефикасно да произведуваме и мали количини. За да се  фокусираме на висококвалитетно производство, го обновивме нашиот машински парк со сите специјални машини што ни се потребни. Ова се рефлектира во високиот квалитет на производите и ја зголемува продуктивноста и ефикасноста.